Асоцијација на Архитектите на Македонија - Основана е во 1954 година во Скопје како Сојуз на друштва на архитекти на Македонија (СДАМ). Асоцијацијата денеска опфаќа 850 членови архитекти кои делуваат на полето на архитектурата, урбанизмот, градежништвото, ентериер и дизајн. Асоцијацијата на Архитекти на Македонија е членка на Меѓународната Унија на Архитекти (UIA),членка на втората регија на УИА и членка на Архитектонскиот Совет за централна и источна Европа (АССЕЕ).
Биосфера - Еколошко друштво „Биосфера“. Центар за едукација, заштита на животната средина и природата
Британски совет - Информации за британскиот совет во Македонија.
Движење за околината - Невладина организација во Битола која работи на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата. Редовна членка на Движењето на Екологисти на Македонија.
Заедница на единиците на локална самоуправа - ЗЕЛС е систем со две гранки составен од Домот на градоначалниците и Домот на советите на општините. Домот на градоначалниците е тело на Заедницата, кое по функција, се состои од градоначалници од сите општини во Република Македонија и градоначалникот на градот Скопје.
МААА - Алумни асоцијацијата ги поврзува членовите (дипломците)кои завршиле една или повеќе академски програми во САД заради стимулирање, унапредување и размена на искуства стекнати во текот на студирањето.
Македонски политиколошки форум - НВО која работи на развој на демократијата, унапредување на меѓуетничките односи, политичката култура и цивилното општество.
СММК Светски Македонски Младински Конгрес - Меѓународна невладина, непартиска и непрофитна организација за промовирање и заштита на Македонските национални интереси.
СФСМО - Семејна федерација за светски мир и обединување.
AEGEE-Скопје - Организација за интегрирање на студентите од Европа. Нуди семинари, проекти и други информации за организацијата.
Kidlink - Непрофитна организација која помага да се вклучат колку е можно повеќе млади на возраст до 15 години во глобален дијалог.
Kiwanis - Здружение составено од претставителни и одговорни лица со добра волја кои ја споделуваат желбата за конструктивен приод кон општеството, остварувајќи корисни и алтруистички задачи.
Save The Children Macedonia - Спасете ги децата е младинска, волонтерска невладина организација со основна цел подобрување на имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија.
Help build the largest human-edited
directory on the web.